Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија

Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) денеска соопшти дека Европската Унија подготвува активности за нарушување и дискредитирање на претстојните парламентарни, регионални и локални избори во Русија закажани за септември.
Во соопштението објавено во пресрет на гласањето, СВР наведе дека европските земји спроведуваат стратегија насочена кон дестабилизација на Русија, нарушување на изборниот процес и поткопување на резултатите од гласањето.
Службата тврди дека европските земји ја поттикнале Украина да ги интензивира нападите врз цели на територијата на Русија и дека разговараат за можни кибернапади врз изборната инфраструктура.
СВР, исто така, обвини дека европските влади соработуваат со руски опозициски групи со седиште во странство со цел да ги поттикнат гласачите да ги бојкотираат изборите и да ги оспорат резултатите по гласањето.
Според службата, Парламентарното собрание на Советот на Европа и Европскиот парламент би можеле да подготвуваат изјави со кои ќе ги отфрлат резултатите од руските избори, повикувајќи се на наводни прекршувања за време на нивната подготовка и спроведување.
Коментирајќи ги тврдењата на СВР, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Русија има големо искуство со, како што ги опиша, обидите за мешање во нејзините избори.
– Провокативните напори постоеја, постојат и ќе продолжат да постојат. Имаме големо искуство во овој поглед – рече тој.
Тој додаде дека надлежните руски власти ќе ги преземат неопходните мерки.
На прашањето дали европските земји ќе ги признаат резултатите од руските избори, Песков рече дека тоа прашање има мало значење за Москва.
– Дали Европејците ќе ги признаат нашите избори или не, е прашање од второстепено значење – истакна Песков.
Русија треба да одржи избори за деветтиот состав на Државната дума од 18 до 20 септември, при што ќе се избираат сите 450 пратеници во долниот дом на парламентот. Гласањето ќе се одржи истовремено со регионални и локални избори низ земјата.
МИА
Ново на Сител
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
-

Сушата ги зголеми трошоците на земјоделците во Струмичко
-

Мечки ги пустошат пчеларниците
-

Скулптурите од колонијата „Марко Цепенков - Дрен 2026″ ќе бидат поставени низ парковите во Прилеп
-

Русија го нападна родното место на Зеленски – Убиени најмалку 16 луѓе
