Руското МНР ги предупреди странците да го напуштат Киев и најави серија напади врз конкретни објекти во градот

Руското Министерство за надворешни работи ги предупреди странците да го напуштат украинскиот главен град Киев.
Министерството соопшти дека руските сили ќе почнат да вршат серија напади врз објекти на украинската одбранбена индустрија во Киев. Нападите ќе бидат насочени и кон центрите за донесување одлуки и против командните постови во градот.
„Нападот на вооружените сили на Украина врз Старобелск ја прели чашата на трпението“, се вели во соопштението на руското министерство.
„Во новосоздадените услови, вооружените сили на Руската Федерација пристапуваат кон последователно нанесување на системски удари врз претпријатијата од украинскиот воено-индустриски комплекс во Киев, вклучително и врз конкретни места за проектирање, производство, програмирање и подготовка за лансирање на беспилотни летала, кои ги користи киевскиот режим со соработка на специјалисти од НАТО одговорни за испорака на компоненти, обезбедување на разузнавачки податоци и одредување на цели“, се вели во соопштението на Министерството.
МИА
Ново на Сител
-

Студен старт на односите со новата бугарска дипломатија
-

Концерт на Дејвид Гета за 35-годишнината од независноста на Македонија
-

Стрктурни реформи и таргетирани мерки за побрз раст – порака од “Македонија 2025”
-

Се инвестира во патна инфраструктура
-

Топлото време ги донесе змиите поблису до градските населби
-

Муцунски: Бугарија да го препознае стратешкиот момент
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е уценет
-

Мицкоски на „Македонија 2025“: Преку поврзување до економски раст
