Македонија
23. May 2022 - 12:23

Руско-украинската криза нема да се одрази врз туризмот

Руско-украинската криза нема да се одрази врз туризмот. Иако процентот на туристи од Киев и Москва е мал сепак ова лето на брегот на Охридското езеро бројот на гости се очекува да биде зголемен од 30 до 50 проценти. Веќе има кружни патувања од Малезија дури и од Индија потоа традиционалните пазари како што се полскиот и турскиот и туристите од Холандија а се очекуваат и гости од Израел и регионот.

Трендот на букирање е во пораст само од Туи Холандија ова лето се очекуваат околу 8,5 илјади туристи.

Од следната година како што најавија од агенцијата за подршка и промоција на туризмот се очекуваат поголем број на чартер летови, но и редовни линии со други тур оператори кои ќе ги сервисираат Охрид и Скопје.