Русија развива вакцина против ХИВ

Истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија - „Гамалеја“, при руското Министерство за здравство работи на вакцина против вирусот на човечка имунодефициенција (ХИВ).
Почетната фаза на развој на лекот е во тек, според Владимир Гушчин - заменик-директор одговорен за истражувањa во Центарот, а научниците, се наведува, го репродуцираат имунолошкиот одговор кај заморчиња.
- Раната фаза на развојот на домашна вакцина против ХИВ е во тек. Ќе ја проучуваме две години и ќе известуваме за резултатите. Ја проучуваме варијабилноста на вирусот кај населението и, едноставно, мора да ги земеме предвид овие информации при развојот на вакцината, изјави Гушчин.
Тој истакна дека ова значи дека научниците се обидуваат да репродуцираат имунолошки одговор со широк спектар на антивирусно дејство против различни варијанти на ХИВ кај експериментални животни.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
