Рубио: Ормуската Теснина мора да остане отворена

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека Ормуската Теснина „мора да остане отворена на еден или друг начин“, по новите американски напади врз ирански цели во јужниот дел на земјата. Тој истакна дека слободното поминување низ стратешкиот морски проток е клучно за глобалната безбедност.
Рубио од Џајпур посочи дека разговорите со Иран напредуваат, но дека усогласувањето на текстот на евентуален договор може да потрае уште неколку дена. Според него, на масата е „сериозен предлог“ што ги опфаќа прашањата за Ормуската Теснина, иранската нуклеарна програма и можноста за одмрзнување ирански средства.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека разговорите со Иран се одвиваат „добро“, но предупреди дека ќе следуваат нови напади доколку преговорите пропаднат.
САД соопштија дека последните напади биле изведени „за заштита на американските сили“ и биле насочени кон чамци што поставувале подводни мини и кон позиции на ракетни системи. Од друга страна, Иран тврди дека соборил „непријателски“ стелт-дрон со нов систем за противвоздушна одбрана.
Во меѓувреме, во Доха ирански претставници разговарале со катарскиот премиер за Ормуската Теснина, резервите на збогатен ураниум и можноста за одмрзнување на ирански средства.
Тензиите во регионот дополнително се зголемуваат поради судирите меѓу Израел и Хезболах. Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, најави засилени напади врз групата, додека израелската армија соопшти дека извршила удари во долината Бека и други делови на Либан.
МИА
Ново на Сител
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Менаџерот ја има клучната улога во угостителскиот сектор
-

Во недостиг на ученици започна борбата кај средните училишта кој да запише повеќе ученици
