-->
-->
Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-->

Американскиот државен секретар Марко Рубио во интервју за „Ен-би-си њуз“ изјави дека не е променета политиката на САД кон Тајван.
– Политиката на САД кон Тајван е непроменета по денешниот состанок. Тоа беше споменато. Тие секогаш го споменуваат (Тајван). Ние секогаш јасно го искажуваме нашиот став и преминуваме на други теми, изјави Рубио по средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со кинескиот колега Шји Џинпинг во Пекинг.
Рубио, кој е дел од американската делегација во Кина, додаде дека Пекинг би направил „ужасна грешка“ ако со сила го преземе Тајван.
Претходно, Шји го предупреди Трамп на потенцијален конфликт помеѓу Кина и САД ако прашањето за Тајван не биде решено на соодветен начин.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Примирјето во Либан стапи во сила
-

Европски конгрес на абдоминални хирурзи во Скопје
-

Илон Маск донатор во Стоби
-

Доградба на ОУ „Страшо Пинџур“, од следната учебна едносменска настава во цела О. Ѓорче Петров
-

Мицкоски: Нема проблем во снабдувањето со нафта
-

Мицкоски: Имам се посилни чувства
-

Тошкоски на средби во Вашингтон
-

Едносменската настава приоритет за МОН
