Рубио: Блокадата на Ормуската Теснина еквивалентна на нуклеарно оружје

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, ја спореди блокадата на Ормуската Теснина од страна на Иран со „економско нуклеарно оружје“.
Во интервју за „Фокс њуз“ синоќа Рубио рече дека блокадата на клучната поморска рута покажува зошто на Иран не треба да му се дозволи да се здобие со нуклеарно оружје.
„Теснината е еквивалент на економско нуклеарно оружје што тие се обидуваат да го користат против светот, и тие се фалат со тоа“, рече тој.
Рубио додаде дека ако Иран се здобие со нуклеарно оружје, Техеран „ќе го држи целиот регион како заложник“.
Државниот секретар на САД, кој е и советник за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, одби да коментира како би реагирала Белата куќа ако Техеран продолжи да одбива преговори за својата нуклеарна програма.
Од почетокот на војната пред околу два месеци, Иран строго го ограничи преминувањето низ Ормуската Теснина, што доведе до покачување на цените на енергенсите на светските берзи.
САД воведоа поморска блокада врз Иран и во моментот е на сила прекин на огнот, но преговорите меѓу САД и Иран се во застој.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
