Македонија
28. January 2024 - 16:32

Родителите од Струга стравуваат кој ќе се грижи за децата од следниот месец во градинките

Родителите од Струга во паника. Од 1 февруари доколку негувателките и воспитувачките со договор на дело престанат да одат на работа ќе нема каде да ги згрижуваат своите деца.

Тие застануваат во нивна подршка  велат жалосно е што не се соодветни платени за нивната работа и покрај грижата и љубовта која ја даваат кон најмладите, но не знаат кој ќе им ги чува децата бидејќи тоа би значело ставање под  клуч на градинките во кои секојдневно се згрижуваат над 500 дечиња.

20 тина негувателки , најавија дека од следниот месец нема да одат на работа во знак на протест бидејќи работат за 10.000 денари месечно без здравствено и пензиско осигурување. Бараат итно решавање на статусот.

Реагираат и од  организациите кои се дел од Платформата за родова еднаквост тие изразуваат силна загриженост за случувањата во општина Струга, каде што негувателките работат со договор на дело за надомест кој е двапати помал од минималната плата, а речиси четири пати помал од официјалната просечна плата за декември 2023 година.