Македонија
31. August 2026 - 14:03

Родители во Ресен со дрвен предмет ја тепале својата 15-годишна ќерка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против А.А.(36) од Прилеп и С.А.(32) од Штип, поради сомнение дека сториле кривично дело „телесна повреда“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 23 јули 2026 година во Ресен, двајцата пријавени физички ја нападнале својата 15-годишна ќерка.

Како што информира полицијата, при нападот бил употребен и дрвен предмет.

Против двајцата е поднесена кривична пријава за „телесна повреда“.