Родилка остана во инвалидска количка по направен царски рез

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе спроведе вонреден стручен надзор за околностите поврзани со лекувањето на 19 годишната пациентка од струмичко, за која нејзиниот свекор на видео што го објави на социјалните мрежи бара помош од здравствените власти бидејќи како што вели, останала во инвалидска количка по направен царски рез пред еден месец.
Пациентката е мајка на две деца а како што објаснува нејзиниот свекор биле во многу здравствени установи за да се утврди зошто дошло до ваква состојба.
-По добивањето на инспекцискиот наод и целокупната медицинска документација, Министерството ќе иницира и стручен надзор над досегашниот тек на лекувањето и постапувањето на здравствените работници и установи вклучени во случајот, велат од министерството за здравство.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
