-->
-->
Рим: Надал славеше против Ѓоковиќ
-->

По подолго време љубителите на тенисот уживаа во нова пресметка помеѓу великаните Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. Триумфираше Шпанецот со 7-5,1-6 и 6-3 и со тоа ја освои 10-тата титула во Рим.
Српскиот тенисер добро го започна мечот и направи брејк за водство од 2-0 уште во првиот сет но не успеа да ги одбие следните напади на Надал кој успеа да израмни и со нов брејк да го освои 11. гем.
Во вториот сет Ѓоковиќ одигра маестрално и загуби само еден гем за израмнување на резултатот.
Во третиот сет клучен беше петтиот гем кога првиот светски тенисер не искористи две брејк топки што донесе пад во неговата игра и Надал направи брејк за триумф од 6-3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
-

Стартуваа камерите Безбеден град
-

Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
-

Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни - бројките на загинати и повредени континуирано растат
-

Преглед на вестите од светот
-

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот
