Рибокрадци го пустошат Охридското Езеро - исчезнуваат ендемични видови на риба
Рибокрадците не мируваат и натаму го пустошат рибниот фонд во Охридското Езеро. Иако има забрана за риболов нема концесионер и рибочувари. Состојбата е алармантна, екологистите со години алармираат дека ендемичните видови риби се на работ на исчезнување. Најкритични точки во езерото се струшко Радожда и Калишта и охридско Пештани и Љубаништа. За надминување на проблемот тие предлагаат со Охридското Езеро да стопанисува локалната.
Охриското Езеро треба да биде прогласено за матичник за добивање подмладок на охридската пастрмка и да се користи единствено за спортски риболов.
Инаку пред само неколку дена тројца жители од Љубаништа беа приведени и заработија кривични пријави поради илегален излов на риба од Охридското Езеро. Од страна на полициски службеници за граничен надзор кај нив биле пронајдени и одземени шест рибарски мрежи со улов на риба и пловен објект.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
