Македонија
7. October 2023 - 19:52

Рибарските мрежи опасност за животинскиот свет во Охридското Езеро

Заостанатите потонати мрежи (духови) во Охридско Езеро претставуваат голема опасност за живиот свет. На потегот од Свети Заум до Градиште на длабочина од 5 до 35 метри во потегот на просторот каде се наоѓаат  природните мрестилишта на охридската пастрмка за само четири дена извадени oколу 70 тина   мрежи,кои служат како стапици за рибите,

Добрите познавачи сметаат дека преку построга примена на законските регулативи, поголема координација на надлезните институции и поостри казни треба да се решава овој проблем билатерално.

Станува збор за акција  за чистење на езерото од напуштените мрежи пилот-проект од страна на „Хидробиолошки завод“ од Охрид, организацијата „Healthy Seas“ и нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“.

Во слична акција спроведена во 2017 година од Охридското Езеро биле извадени напуштени мрежи од најразличен вид и материјал во должина од 14 километри, додека годинава се нешто помалку од 2 километри.