Македонија
29. јуни 2026 - 19:57

Ресорите поделени, имињата ќе се објавуват утре по ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Распределба на ресорите меѓу владините ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ има, но кој што добил од владиниот колач со реконструкцијата и кој нови имиња ќе седнат на Илинденска бр 2 премиерот Мицкоски ќе откри дури утре по седницата на партискиот Извршен комитет.

Иако премиерот не открива кој што добил, албанскиот партнер веќе објави дека има шест ресори еден повеќе од тоа што сега го има. Од нив, Вреди како нови ги добива правда, култура и министерството за односи меѓу заедниците, ги задржува животна средина, економија и евроинтеграции,  а ги губи социјална шполитика и демографија, како и здравство.

Имиња официјално не се споменуваат, но за правда се споменува професорот по уставно право Јетон Шасивари, за култура актулениот заменик Садат Сулејмани и Агон Ферати во односи меѓу заедниците.

Министерството за социјална пиолитика веројатно ќе го презеде заменик министерот Ѓоко Велковски. Промени се очекуваат и во образование, спорт и земјоделие со кои раководи ВМРО-ДПМНЕ. За земјоделие, се споменува името на Борче Серафимовски, актулене државен секретар во ресорот.

Иако ЗНАМ на Максим Димитриевски останува со две министерски позициии, се уште не е познато со кој ресор е заменета правда.

Стоилковиќ и Лимани веќе се збогуваа со фотелјите. Стоилквиќ вели дека од „сива зона“ на претходникот Груби направил функцинално министерство, а новиот закон з ашправична застапеност гарантира стручност и комептентност во јавниот сектор.

„Така да во овој момент е завршено со пристапот „седи дома, земај плата“ и разционализиран е бројот на вработените во МОЗ“, напиша тој на Фејсбук.

И македонската и албанската опозиција не веруваат дека промените што ги најавува Мицкоски ќе бидат од корист на грѓаните.

Со оглед наа шпекулациите колку министерства се опафетни со реконструкцијата јасно е дека во Собранието ќе се оди на избор на целосно нова Влада на Мицкоски.

Освен на министерско ниво, на меѓуапртиските влаидни разгвори се прави нова распределба и во заменичките места, но и на директорско ниво. Мицкоски веќе најави дека овој процес треба да заврши со крајот на летото.