Реми на македонските ракометари со Австрија

Македонската машка ракометна репрезентација одигра вечерва нерешено 30-30 против Австрија на гостински терен во Брегенц, во контролен натпревар во рамките на ЕХФ неделата.
Селекторот Кирил Лазаров за дуелот со Австријците се одлучи за комбиниран состав во кој отсуствуваа стандардните репрезентативци Пешевски, Серафимов, Ѓоргиев и Митревски, укажувајќи им шанса на неколкумина ракометари кои досега не беа во преден план, како дел од подготовките за претстојниот бараж за пласман на Светското првенство 2027 во кој Македонија за противник ќе го има победникот од пресметката меѓу Словачка и Украина.
Македонските ракометари пропуштија шанса победнички да се вратат од гостувањето во Брегенц, откако по резултатски израмнетото прво полувреме (15-15), целосно ја презедоа контролата во продолжението и во неколку наврати имаа највисоки плус четири голови разлика.
Во завршните пет минути, Македонија имаше водство од +2 (29-27), но натпреварот влезе во неизвесна завршница во која Австрија дојде до израмнување, а во следниот напад и до водство од 30-29.
Сепак, капитенот Кузмановски реализираше од седум метри во завршните секунди, поставувајќи го конечниот резултат.
Кузмановски со десет голови беше најефикасен во македонските редови.
МИА
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
