Речиси секое второ дете во Македонија се раѓа со царски рез
Наталитетот опаѓа во земјава, а децата се повеќе се раѓаат со царски рез.
Стапката на породувања со царски рез во светски рамки бележи огромен пораст. Трендот се чувствува и во земјава, каде речиси 42 до 43% од децата денес се раѓаат со оперативен зафат.Што значи скоро половина од бебињата се раѓаат со царски рез.
„Во светски рамки од 7 % породувања со царски рез сега се искачи на 21 %, според Светската здравствена организација. Кај нас во деведесеттите години беше околу 10 проценти, а сега во регионот е зголемен за околу 21 процент што значи некаде 31 проценти, но во Македонија тој е 42-43 проценти. Што значи скоро половина од бебињата се раѓаат со царски рез. Тоа прашање е дали носи бенефит и за здравствениот систем бидејки е оптеретување, бара опрема, бара кадар, бара анестезиолози, конци, оперативно време, е поскапо како вид на породување, но прашање е дали и за мајките носи бенефит затоа што комликациите се поголеми“, вели професор д-р Глигор Тофоски, претседател на Македонската Асоцијација на гинеколози и опстетричари.
Предизвикот со дефицитот на кадар останува но преку мобилни екипи се обезбедува здравствена грижа во оние региони во кои недостасуваат медицински лица.
Во земјава младите жени се почесто одлучуваат да го одложат раѓањето деца за подоцна. Гинеколозите се загрижени и за ниската заинтересираност за ХПВ вакцината.
Процентот на вакцинирана млада популација и покрај бројните кампањи се уште е мал, потребна е едукација за подигнување на свесноста.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
