Македонија
2. јуни 2023 - 12:19
Расте бројот на жени заболени од рак на дојка
Во пораст бројот на заболени од рак на дојка. Споредбено со 2018 кога имало 750 пациенти сега бројот е зголемен на 1100. Според докторите причините за ваквата состојба вклучуваат повеќе фактори акко генетиката, начинот на живот, стресот и исхраната.
Ракот на дојка не познава старосна граница и претставува ризик за сите жени најмладата пациентка имала 21 година.
Двајцата специјалисти негираа дека има недостиг на термини за дијагностицирање или хируршка интервенција, тие потенцираа дека најдолго за хируршки зафат се чека 3 недели, и препорачуваат жените да прават задолжителен превентивен преглед без разлика дали имаат симптоми или не. Раното откривање значи навремен третман и продолжување на животот.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
