Македонија
10. September 2026 - 13:34

Расправија прераснала во тепачка: Две скопјанки се пресметале во Аеродром

Две жени од Скопје физички се пресметале по претходна расправија на подрачјето на општина Аеродром, информира Министерството за внатрешни работи.

Според полицискиот билтен, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 8 септември 2026 година во 13:30 часот.

По претходна расправија, јавниот ред и мир бил нарушен со физичка пресметка помеѓу М.Ј.(38) и А.Г.(33), двете од Скопје.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.