Рамиз Мерко го замрзнал членството во ДУИ, обвинителството потврди шест активни постапки
Рамиз Мерко нема да си поднесе оставка од градоначалничката функција. Политичка одговорност ќе понесе само во рамките на неговата партија, но нема да биде исклучен.
За премиерот нема дилема. Да беше на местото на Мерко, вели, немаше воопшто да размислува.
И без црната листа на САД граѓаните знаат во каков криминал се дави Македонија, објасни денеска опозицискиот лидер. Рече дека со земјава во моментов владее мафија.
Претседателот Пендаровски кој важи за политичар кој е секогаш отворен за медиумите денеска избега од новинарите. На истиот настан со него беше и американската амбасадорка која и денеска повтори дека САД го направи своето, на потег е македонскиот правосуден систем.
Случајот Мерко не е ништо ново ниту за македонскиот правосуден систем ниту за антикорупционерите. Тие велат дека со години водат предмети против Мерко кои стојат заглавени.
Дека е така покажува и статистиката која утрово ни ја испрати Обвинителството. Според неа, во овој момент против Мерко се водат дури 6 активни истраги од кои најстарата се влече низ правосудниот систем повеќе од 8 години. Речи си сите се за злоупотреба на службената положба и овластувањата.
По предупредувањето од САД, Обвинителството почнува со преисптување на своите редови и најавува санкции за сите обвинители кои не постапувале ажурно.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
