-->
-->
Ракометарките на Ѓ.Петров во следната рунда од европскиот куп
-->

Македонскиот шампион Ѓорче Петров со две убедливи победи го елиминира австрискиот Румс Јагс. Вчера избраничките на Симе Симовски славеа со 45-26, а денеска со 40-26.
Според рејтингот, Ѓорче Петров беше на 12 место пред стартот на сезоната, но во меѓувреме беа елиминирани пет екипи што беа рангирани повисоко.
Тоа значи дека пред ждрепката што ќе се одржи во вторник од 11:00 часот, нашиот тим ќе биде рангиран во првиот шешир.
Меѓу можните ривали на Ѓорче Петров се наоѓа и израелскиот Макаби Аразим Рамат Ган, кој досега елиминираше два тима од Македонија – Чаир и Куманово.
Ждрепка, осминафинале, Европски Куп:
шешир 1: Ѓорче Петров, Атлетико Гуардес, Јагодина, Измир, Кинзварт, Јувента Михаловце, Х71, Бенфика
шешир 2: Макаби Аразим Рамат Ган, Цуг, Хихон, Кобержице, Коњалти, Јарослав, Мадеира, Елче
Вест и фото: 24ракомет.мк
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одбележан 7 мај – Денот на македонската полиција
-

10 претстави во официјална конкуренција на 60-от МТФ „Војдан Чернодрински“
-

Ново Село ќе добие модерен пазар вреден над 8 милиони денари
-

18 општини чекаат изведувач на регионалната депонија кај Мечкуевци
-

Преглед на вестите од светот
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
