Психолози и психијатри ќе работат со учениците од Песталоци за надминување на траумата
Психолози и психијатри со разговори ќе ги лечат траумите кај учениците од скопското основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ каде учеше и младата Вања Ѓорчевска...Министерството за образование најавува дека во следниот период ќе продолжи психолошката поддршка за сите ученици,за да биде зачувано менталното здравје и справување со трауматските последици од целата ситуација.
- Министерството е во постојана комуникација со училиштето и предложивме поддршка во делот на ангажирање дополнителен кадар, составен од педагози и психолози, кои ќе им бидат на располагање на учениците во периодот што следи. Во меѓувреме, сите заедно да се заложиме вакви настани да не се повторуваат. Да бидеме подобри луѓе. Одговорноста е заедничка. Почивај во мир, драга Вања, пишува во соопштението.
По шокот во јавноста , но и огромната загриженост кај родителите дека не се чувстуваат безбедни ниту тие а уште помалку нивните децата, министерката за труд и социјала Тренчевска смирува – сите деца се безбедни, последните случувања се изолиран случај.
И соучениците на Вања, но и наставниците тешко ја примија веста за смртта на деветооделенката. И покрај обидите за одржување на нормална настава, наставниците се насочени кон разговори со учениците за полесно надминување на стресните ситуации.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
