Променливо облачно со сончеви периоди, во Скопје можни краткотрајни врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и во текот на ноќта ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималната температура ќе се движи во интервал од 19 до 26 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Според најавата на УХМР, следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Утре времето ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилен пороен дожд над 20 литри на квадратен метар, грмежи, засилен до силен ветер со брзина над 70 километри на час и услови за појава на град.
Во недела се очекува засилен до силен ветер кој наместа ќе надминува брзина од 60 километри на час, а во вторник повторно се најавува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер.
Ново на Сител
-

Климатските промени влијаат врз пчеларството
-

Се помалку медицински сестри, се поголем притисок во болниците
-

Преглед на вестите од светот
-

Со 20.000 евра казнета фирмата чиј камион нелегално исфрлаше шут во скопски Аеродром
-

Бугарската министерка до Муцунски: Почитување на договореното за отворање на Европскиот пат
-

Тема на денот со Никица Мојсоска Блажевски, извршна директорка на „Македонија 2025“
-

Укинување на доживотниот затвор бараат осудените за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
-

Ниту еден од 13-те полицајци не се чувствува виновен за трагедијата во „Пулс“
