Продолжи судењето за лекарите на Јилдиз Веаповска
Со сослушување на сведок, медицинска сестра од струшката болница денес продолжи судскиот процес за родилката од Дебар.
Вработената во Гинеколошкото одделение која била дежурна истакна дека Веапоска по породувањето најнапред кажала дека е добра, но потоа се пожалила на болки по што и била дадена соодветна терапија, но болката не поминувала па докторите одлучиле да оди во операциона сала.
Веаповска вели дека исказот не е целосно точен и бара од надлежните да им се одземат лиценците на докторите.
Адвокатот на Веапоска вели дека на следното рочиште со сослушување на судските вештаци од судска медицина ќе се дознае што се случувало за време на оперативниот зафат.
Обвинетите лекари од Струшката болница, се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето. Тие при укажување лекарска помош примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување, со што предизвикале влошување на здравствена состојба на родилката од Дебар поради што таа остана без три органи.
Следното рочиште е закажано за 21 јуни во 10 часот.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
