Македонија
28. July 2023 - 21:07

Прободен со нож началникот на струшката полиција

Прободен со нож началникот на струшката полиција.

Денеска околу 19 часот во Струга од полициски службеници од ОВР Струга е лишено од слобода (44) годишно лице од струшкото село Велешта, кое околу 17.30 часот на улицата „Ристо Крле“ со остар предмет го нападнал А.Д.(46) од Струга.

Началникот е пренесен во Општата болница во Струга каде му се констатирани  тешки телесни повреди.

Од болницата велат дека станува збор за повреда на грлото од 10 до 11 сантиметри рана и дека стружанецот е во добра здравствена состојба локално е завршена интервенцијата задржан и на хируршкото оделение и е надвор од животна опасност.

Против напаѓачот, во координација со јавниот обвинител ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.