Македонија
13. February 2024 - 12:23
Проблеми со рибниот фонд во Охридското Езеро
Охриското Езеро да се прогласи за природен матичњак за добивање подмладок на охридската пастрмка за да се подобри состојбата со рибниот фонд.Екологистот Лазо Наумоски предлага стопанскиот риболов целосно да се укине, а да му се даде предност на спортскиот риболов поврзан со туризмот, додека заштитата на езерото да ја организираат локалните власти на Охрид , Струга и Поградец со свои ангажирани луѓе и сателитска контрола.
Наумоски смета дека поради негрижата на човекот во минатато рибата е доведена до раб на исчезнување.
Еколозите со години алармираат дека се пустошат ендемичните видови риби ,според нив потребно е редовно да се врши порибување за возобновување на рибниот фонд и да се спаси пастрмката од исчезнување.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
