Приведени тројца скопјани барани со потерница

Тројца скопјани кои биле барани со потерница, се лишени од слобода во текот на вчерашниот ден, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
- Полициски службеници го лишија од слобода К.Ѓ., 68-годишник од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд - Скопје за затворска казна од три години поради сторено кривично дело по член 378 став 1 од КЗ. Полициски службеници го лишија од слобода И.Г., 62-годишен скопјанец, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд - Скопје за затворска казна од три години поради сторено кривично дело по член 64 став 2 во врска со член 22 од КЗ. Полициски службеници го лишија од слобода Н.Ј., 44-годишник од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд - Скопје за затворска казна од три години и шест месеци поради сторено кривично дело по член 123 став 1 во врска со член 19 од КЗ. Лицата се спроведени во надлежните казнено поправни установи, информираа од МВР.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски: Бугарија да го препознае стратешкиот момент
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е уценет
-

Мицкоски на „Македонија 2025“: Преку поврзување до економски раст
-

Дејвид Гета во Скопје за прославата на независноста
-

Климатските промени влијаат врз пчеларството
-

Се помалку медицински сестри, се поголем притисок во болниците
-

Преглед на вестите од светот
-

Со 20.000 евра казнета фирмата чиј камион нелегално исфрлаше шут во скопски Аеродром
