Македонија
27. September 2026 - 13:33

Приведени повеќе млади лица по нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка

Денеска (27.09.2026) во 03:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа М.Е.(19), Г.С.(19), И.Р.(20), А.М.(20). Л.Ѓ.(19), А.А.(19), В.Г.(19) и Ж.А.(20) и шест 17-годишници, сите од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци соопшти МВР.