-->
-->
Приведени 4 лица, при претрес пронајдени се 8 пушки
-->

На 01.07.2026 во 10:10 часот, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишија од слобода Е.Р.(57) и Е.Р.(20) двајцата од с.Обедник, Демир Хисар. При извршен претрес во нивниот дом во с. Обедник, со Наредба од основен суд Битола биле пронајдени три ловни пушки, сигнален пиштол, 170 парчиња муниција различен калибар како и останати предмети.
Исто така на 01.07.2026 во 09:45 часот полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишија од слобода Р.М.(61) и Р.Ш.(35) двајцата од с. Обедник, Демир Хисар. При извршен претрес во нивниот дом во с. Обедник со Наредба од основен суд Битола биле пронајдени пет пушки, пиштол како и 38 парчиња муниција различен калибар. По документирање на настаните против истите ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
-

Четири нови возила за пошта Штип
-

Пиво Фестивал во Прилеп на 17, 18 и 19 јули - Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ и Јелена Розга главни музички ѕвезди
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ го прославува 36. роденден
-

Филипче: Ни требаат храбри одлуки
