Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција

МВР соопшти дека вчера полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.Б.(41) од село Лешок, тетовско откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени карабин 7 мм со оптички нишан, пиштол „ЦЗ“ 9мм со празни рамки, воздушна пушка 5,4 мм со оптички нишан, како и куршуми од различен калибар.
Според МВР, вчера околу 20:21 часот се лишени од слобода и А.М.(39), Д.М.(26), Б.С.(37), Р.Р.(66), Б.А.(37) и Р.В.(72), сите од Гостивар и Н.Л.(65) од Скопје. Било постапено по претходна пријава дека во село Куново, гостиварско има нарушување на јавниот ред и мир со истрели од огнено оружје. На местото се пронајдени чаури, а по извршените претреси во неколку нивни викенд куќи во село Куново биле пронајдени и одземени повеќе парчиња огнено оружје (ловечки карабини, ловечки пушки, пиштол) и поголема количина муниција.
Министерството информира и дека доцна синоќа, од 22:30 до 01:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово во координација со САЕ „Тигар“ и Единицата за службени кучиња, врз основа на судска наредба, извршија претрес во куќа и барака-работилница во Тетово, користени од П.М. (36). Во работилницата се затекнати три лица - Л.С.(19) и двајца 16 - годишни малолетници, при што кај Л.С. и едниот малолетник се пронајдени бела прашкаста материја, марихуана и две дигитални ваги. Дополнително, во објектот беа пронајдени кутии со бела прашкаста материја и парични средства во различни валути и апоени, по што лицата се лишени од слобода.
По целосно документирање на случаите, во координација со јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни пријави.
МИА
Ново на Сител
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
-

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа
-

Активни 11 пожари и три под контрола
-

Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција
-

Кавадарчанец во полиција пријавил измама од 3.200 евра
-

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени пет лица
-

„Безбеден град“ досега евидентирал 310.865 прекршоци, од кои 180.378 за возила со странски регистарски ознаки
