Преглед на вестите од светот
Иранската револуционерна гарда соопшти дека со балистички проектили го нападнала „шпионскиот штаб“ на Израел во ирачкиот град Ербил во знак на одмазда за неодамнешното убиството на висок ирански генерaл за кое Иран го обвини Израел. Гардата додаде и дека извршила воздушни напади врз цели на Исламска држава во Сирија како одоговор на нападот на терористилчката група во градот Керман.
Денешните напади се први од Иранската револуционерна гарда, но милитантни групи кои уживаат поддршка од Иран често напаѓаа локации во Ирак и во Сирија во последните месеци. Според ирачките власти биле погодени станбени области при што загинале неколку цивили. Ирачката Влада соопшти дека ќе преземе правни мерки против овие дејствија на Иран, кои ги смета за повреда на суверенитетот на Ирак и безбедноста на неговите граѓани, а американскиот Стејт департмент нападите ги нарече дрски и изрази поддршка за ирачките власти.
Не мируваат ниту Јеменски Хути со нападите во Црвеното Море. На удар се најдоа два брода, еден во американска а другиот во сопственост на Грција.
Ден претходно лансираа крстосувачка ракета и кон американски разурнувач во Црвеното Море. Хутите порачаа дека нападите на бродови поврзани со Изарел во Црвеното море ќе продолжат се додека Израел не ја прекине воената операцијата во Газа.
Хутите, заедно со Хамас и Хезболах, се декларираат како дел од оската на отпор што Иран ја води против Израел, САД и поширокиот Запад.
Швајцарија, на барање на Зеленски, се согласи да биде домаќин на мировниот самит.
Швајцарија се согласи да биде домаќин на глобалниот мировен самит за Украина на барање на украинскиот претседател Володомир Зеленски. На заедничката прес-конференција. Ниту Зеленски, ниту неговата швајцарка колешка Амерд не дадоа детали за тоа кога и каде ќе се одржи самитот во Швајцарија.
Тие истакнаа дека нивните екипи ќе почнат да се организираат од утре. Зеленски истакна дека сака Пекинг да учествува на самитот на кој ке се разговара за укранската формула за мир. Кремљ пак порача дека ништо нема да се постигне на самитот ако Русија не е вклучена во дискусиите.
Доналд Трамп, поранешниот претседател на САД победи на првото внатрепартиско гласање за кандидат на Републиканската партија на претседателските избори во САД во ноември 2024 година. Победата ја извојува во сојузната држава Ајова. Трамп и покрај судските процеси со кои моментално се соочува, ги остави далеку зад себе своите главни ривали, гувернерот на Флорида Рон Десантис и поранешната амбасадорка на САД во ОН Ники Хејли со 51 отсто од гласовите.
Ова е најубедлива победа на некој републикански кандидат на внатрепартиските избори во Ајова. Резултатите во Ајова се важни и покажуваат какво би било расположението на републиканците на следните гласања во клучните држави, како она закажано во Њу Хемпшир на 23 јануари.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
