Loading Video...
Свет
10. January 2024 - 19:56

Преглед на вестите од светот

Еквадорската полиција ги уапси 13-мината вооружени мажи кои вчера упаднаа во студио на телевискиот канал ТЦ во градот Гвајакил за време на пренос на  живо и притоа ранија двајца вработени.

Пред да го прекинат преносот, маскираните напаѓачи пукаа од пиштоли и пушки во студиото, наредувајќи им на присутните да легнат на подот. Групата се поврзува со шефот на најопасната криминална банда во Еквадор, Лос Чонерос, Адолфо Масијас познат како Фито кој пред неколку дена успеа да избега од затвор. Оттогаш неколку полицајци се киднапирани, а бројни бомби експлодираа низ Еквадор.

Се случија и нереди во затворите. Претседателот Даниел Нобоа прогласи 60 дневна вонредна сосотјба и објави војна на кримналните банди. Со декрет ги оквалификува како тетористички и ги означи како воени цели. Граѓаните со различни реакции за мерката вонредна состојба.

Кина од утрово ја затвори својата амбасадата во Кито на неодредно време, а Перу прогласи вонредна состојба долж границата со Еквадор.  

Американските и британските сили во текот на ноќта соборија 21 беспилотно летало истрелани од Хутите со седиште во Јемен во јужниот дел на Црвеното Море кон меѓународните бродски ленти, соопшти Централната команда на американската војска.

Бунтовниците поддржани од Иран нападнаа комерцијални бродови 26 пати од почетокот на војната помеѓу Изарел и Хамас и ветија дека ќе продолжат со нападите додека Израел не го прекине конфликтот во Газа.

Советот за безбедност на Обединетите Нации закажа гласање вечерва за резолуцијата предложена од САД со која се бара итно запирање на нападите во Црвеното Море. 

Во Германија утрово почна новиот тридневен штрајк на машиновозачите. Новина овојпат е што освен патничкиот од штрајкот е зафатен и товарниот железнички сообраќај. Машиновозачите бараат намалување на работно време и зголемување на платите. Земјоделците пак веќе трет ден блокираат автопати низ Германија револтирани од најавеното намалување на субвенциите.