Преглед на вестите од светот
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханије објави дека ги замрзнуваат преговорите за втор договор за ослободување на некои од 129те заложници што останаа во Газа, откако Израел во напад со дрон во Бејрут го уби вториот човек на движењето Салех ал Арури. Сојузникот на Хамас, Хезболах со седиште во Либан вети дека убиството на Аурури нема да помине неказнето, велејќи дека тоа е сериозен напад врз Либан и опасен развој на настаните. Израел официјално не ја презеде одговорноста за убиството на високиот претсавник на Хамас, а военииот портпарол Хагари рече војската е подготвена за секое сценарио. ОН ги повикаа сите страни на воздржаност а ЕУ порача дека Меѓународната заедница мора да наметне решение за конфликтот помеѓу Израел и Хамас.
Најмалку 100 лица се убиени во два бомбашки напада во близина на гробницата на генералот на ииранската револуционерна гарда Касем Сулејмани на четвртата годишнина од неговиот атентат. Државната телевизија Ириб соопшти дека уште најмалку 17 лица се ранети кога експлозиите ја погодиле поворката во близина на џамијата Сахеб ал-Заман во јужниот град Керман. Бомбите биле депонирани во торби и веројатно активирани со далечински управувач, изјави вицегувернерот на Керман. Генералот Сулејмани, беше убиен во напад со американско беспилотно летало во соседен Ирак во 2020 година. Тогашниот американски претседател Доналд Трамп, кој го нареди атентатот го опиша Сулејмани како „терорист број еден во светот“. Сулејмани се сметаше за најмоќната фигура во Иран по врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи.
Бројот на загинати во моќниот земјотрес што на првиот ден од годинава ја погоди Јапонија се искачи на 64 а повредени на над 300 луѓе. Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани во услови на голем дожд, поради што потрагата е отежната. Се верува дека под урнатите згради има десетици луѓе. Во сместувалишта за итни случаи се сместени 31.800 лица.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
