Преглед на вестите од светот
Пет лица во авион на јапонската крајбрежна стража загинаа откако во нивниот авион удри патнички авион на аеродромот Ханеда во Токио. Сите 379 патници и членови од авионот на Јапонија Ерлајнс беа евакуирани за само 90 секунди пред пламенот да го зафати трупот на леталото. Авионот на крајбежната стража се подготувал да однесе хуманитрана помош во областите погодени од моќниот земјотресот а патничкиот авион слетувал. По судирот, пожар избувнал во двете латала.
Летот JAL 516 од аеродромот Њу Читозе кој патуваше за Ханеда имаше судир со авион на крајбрежната стража на пистата Ц на аеродромот Ханеда. „Јапонија ерлајнс“ информираше дека безбедно се евакуирани 379 лица, вклучувајќи 367 патници и 12 членови на екипажот. Во врска со авионот на крајбрежната стража, еден капетан беше евакуиран, но 5 други членови на екипажот се загинати. Случајот се истражува, изјави јапонскиот министер за инфраструктура, транспорт и туризам, Тетсуо Ааито.
Во меѓувреме јапонските здравствени власти соопштија дека најмалку 50 лица загинале во земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеј што вчера го погоди централниот дел на Јапонија. Најтешко погодена е префектурата Ишикава, каде многу домови и објекти се срамнети со земја. А бројни патишта се оштетени. Над 1000 спасувачи се во трка со времет пребарувајќи ги урнатините во потрага по прежеивани.
Четири лица загинаа а најмалку 90 се повредени утрово во руските напади на Киев и ХАрков изјави украинскиот претсдеател. Беа употребени најмалку 100 проектили од различни видови од кои најголем дел ги соборвиме рече Зеленски им се заблагодари на западните земји за системите за противвоздушна одбрана .
- Соборени се најмалку 70 проектили, од кои речиси 60 во областа Киев. исто така беа брутални нападите врз Харков. Им благодарам на сите во светот кои помагаат, Патриоти, ИРИС, НАСАМС; секој таков систем барем спаси стотици животи. Русија ќе одговара за секој одземен живот, истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Рускиот претседател порача дека неговата земја ќе ги „интензивира“ нападите врз Украина во знак на одмазда по воздушниот напад врз Белгород во саботата кој Путин го нарече намерен напад врз цивили. Спроед локалните власти загинале 25 лица.
Лидерот на јужнокорејската опозиција, Ли Јае Мјунг беше избоден со нож за време на јавен настап. Ли паднал на земја со раскрвавена рана на вратот, а напоаѓачот веднаш бил упасен. Ли бил пренесен во болница откако на местото на настанот му била укажана прва помош. Инцидентот се случил кога Опизциискиот лидер одговарал на прашања на новинарите по посетата на градилиштето за нов аеродром на југоисточниот остров Гадеок.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
