Loading Video...
Свет
27. December 2023 - 19:51

Преглед на вестите од светот

Хамас соопшти дека најмалку 241 лица загинале а над 300 биле повредени во изминативе 24 часа во појасот Газа, додека израелската воена опереација продолжува на територијата. Израел информираше дека погодил повеке од 100 цели на Хамас во текот на вчерашниот ден. Војната ќе трае додека Хамас не биде целосно уништен  изјави шефот на израелскиот генералштаб  Херзи Халеви.  Канцеларијата за човекови права на ОН го потсети Израел дека мора да ја прилагоди воената стратегија за да ги заштити цивилите во Газа.  Според податоците кои ги објавува Хамас,  во израелските напади врз Газа од 7 октомври досега загинале речиси 21.000 луѓе додека бројот на повредени е над 50 000.

Поради инцидентите на  протестот  пред градското собрание на Белград на 24 декември, Вишиот  суд во Белград,  на четири лица им одреди  30 дена притвор  а на шестмина куќен притвор. Осоомничени се за сторени кривични дела повикување на насилна промена на уставниот поредок и насилничко однесување на јавен собир. Доказната постапка ќе се  води по скратена постапка, по што обвинителството ќе одлучи дали против осомничените ќе поднесе обвинителни акти или ќе ја прекине постапката.  Седдумина демонстранти  ја признале вината и склучиле договор за признавање на кривичните дела  повикување на насилна промена на уставниот поредок и насилничко однесување на јавен собир за кои се предвидени условни затворски и парични казни.

Девет лица, меѓу кои и едно дете, загинаа откако невреме со силен дожд, ветер и громтевици го погодија истокот на Австралија за време на божикните празници.  Настраданите се во сојузните држави Квинсленд и Викторија. Повеќе од 80 000 домаќинства се уште се без струја во Квинсленд соопштија тамошните власти. Невремето зад себе остави урнати далноводи , сообрени дрвја и предизвика големи поплави.  

.