Loading Video...
Свет
19. December 2023 - 19:41

Преглед на вестите од светот

Српската опозициската коалиција Србија против насилството закажа  нов протест денеска од 18 часот во Белград на кој ќе го повторат барањето за поништување на изборите за град Белград. Опозициските водачи, Мирослав Алексиќ и Мариника Тепиќ, вчера  доставиле  докази за изборни измами до Републичката изборна комисија и почнаа штрајк со глад во седиштето на комисијата. Претседателот на Републичката изборна комисија изјави  дека  РИК не е одговорна за спроведување на изборите во Белград, и го осуди на физичкиот напад на членови на комисијата за време на синокшенот протест. Синока  се огласи и претседателот Александар Вучиќ, кој афирмирајќи ги победничките резултати на спрската напредна партија на парламентарните, покраинските и локалните избори  , кажа дека тие не можат сами да ја формираат градската власт  во Белград  и најави можност за нови избори за главниот град.

Најмалку 126 луѓе загинаа а  над 700  се повредени во земјотресот што ја погоди северозападна Кина. Потресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата  скала е регистриан  вчера околу полноќ со епицентар во планинската провинција Гансу.  Најголем дел од загинатите се во Гансу  а жрти има и во соседната провинција Кингхаи. Кинескиот претседател Џинпинг ги повика  властите да вложат максимални напори во потрага по прежиевани и давање медицинска нега на повредените. Операциите за спасување се отежнати поради ниските температури. Видеата и фотографиите објавени на кинеските државни медиуми прикажуваат семејства на отворено завиткани во дебели кебиња.  Според извешатите над 5000 куки и згради се оштетени а во неколку села е прекинато снабдување со електрична енергија и вода.

Израел изврши нови воздушни напади заедно со својата копнена офанзива против милитантите на Хамас во Појасот Газа, додека Соединетите Држави ги мобилизираа сојузниците да ги заштитат бродските патеки во Црвеното Море од бунтовниците Хути во Јемен, поддржани од Иран.Министерството за здравство на Газа соопшти дека во израелските напади загинале најмалку 20 луѓе во Рафах, каде што побегнале илјадници цивили. Советот за безбедност на ОН вечерва ке  гласа за резолуција со која се повикува на пауза во борбите во Газа за да се олесни испораката на хуманитарна помош за палестинските цивили на кои им треба храна, вода и лекови.

Синока еруптираше вулканот Ејафјалајокул на исландскиот полуостров Рејкјанес ,по неколку недели интензивни земјотреси. . Ерупцијата отвори пукнатина долга 4 километри од која се појавија фонтани од лава, но во соопштението на исландската влада се вели дека место за паника нема.  . Околу 4.000 луѓе беа евакуирани од рибарскиот град Гриндавик уште во номеври   а блиската геотермална бања Сина Лагуна  беше затворена.