Loading Video...
Свет
4. јуни 2024 - 20:04

Преглед на вестите од светот

Планот што во петокот го објави американскиот претседател Џо Бајден за траен крај на војната во појасот Газа се уште не е официјално прифатен ниту од Израел, ниту од милитантната група Хамас.

ОН,  Јордан, Обединети Арпаски Емирати, Саудиска Арабија, Катар и Египет ги повика двете страни да го прифатат планот. Станува збор за трифазен план – шестнеделен прекин на огнот, потоа преговори за условите за траен прекин на непријателствата и главен план за обнова на Газа, поддржан од меѓународната заедница. Ослободување на заложниците во замена за палестински затовреници во Израел е опфатено  и во првата и во втората фаза, а втората фаза предвидува и израелската војска да ги повлече сите сили од Газа и поголема хуманитрана помош за населението во Газа.

Во Брисел се одржуваат протести на земјоделците од повеќе европски држави. Незадоволни од договорите за слободна трговија на ЕУ и строгите регулативи на блокот за заштита на животната средина земјоделците со своите трактори ги блокираа улиците во таканаречениот европски кварт, каде се сместени институциите на ЕУ.  

Полицијата утрово им препорача на жителите на белгискиот главен град да користат јавен превоз, наместо да се движат со своите возила. 

Кинеската сонда Чанг е 6 зеде примероци од темната страна на Месечината и го почна своето патување назад кон Земјата, објави Кинеската национална вселенска агенција. Доколку сондата успешно стигне на Земјата, Кина ке стане првата земјата што враќа примероци од темната страната на Месечина. Научниците се надеваат дека собраната почва може да помогне да се одговори на клучните прашања за потеклото на Сончевиот систем.