Преглед на вестите од светот
Најмалку едно лице загинало а уште петнаесетина се повредени во нападот кој во текот на ноќта руската војска го извршила врз Киев. Според информациите станува збор за еден од најмасовните напади во последните месеци од војната. Кон украинскиот главен град биле лансирани балистички и хиперсонични ракети кои предизвикале штети и во станбени квартови
Руските напади доаѓаат по вчерашните на украинската војска кои предизвикаа штети во руски центри за производство на опрема за дронови.
Американската војска изведе нова серија напади врз Иран, како одговор на смртта на двајца американски војници во иранскиот напад врз бази во Јордан. Американската војска соопшти дека биле погодени капацитети на Иранската револуционерна гарда, додека иранските медиуми објавија дека бил нападнат и островот Кешм во Ормускиот Теснец. Бројот на загинати американски војници од почетокот на војната се искачи на 16, а еден војник се води како исчезнат.
По осмата ноќ американски напади, Иран возврати со удари врз американски бази во Кувајт. Иранскиот врховен водач Хамнеи порача дека повторените американски напади покажуваат оти потписот на Доналд Трамп е без кредибилитет и најави дека Иран соодветно ќе одговори.
Силен топлотен бран ја зафати Европа. Во одредени делови на Шпанија се најавуваат температури до 45 степени а во централниот дел на земјата беснеат шумски пожари.
Во поголемиот дел од јужна Италија прогласен е црвен аларм а пресметките покажуваат дека толотниот бран би можел да ја чини Италија над 6 милијарди евра поради поголемите трошоци за енергија и послабата продуктивност на работната сила.
Температури над 40 степени се регистрираат и во Франција а јужниот брег е во фаза на портокалова тревога. Високите температури практично ја исушија најдолгата француска река Лоара а стотина француски области веќе имаат прогласено и рестрикции на вода.
Со суша се соочува и Холандија, поради што многу пловечки куќи во земјата веќе се на суво. Ниските водостои предизвикаа проблемми и во бродскиот сообраќај поради што многу линии доцнеле или биле откажани.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
