Македонија
2. September 2026 - 16:37

Демографската криза отвори нов политички судар

Демографијата е голем проблем и ние како држава нешто мора да направиме, рече Минситерката за образование коментирајќи ја вчерашната порака до првачињата од родителите на бараат брат или сестра. Свесна е дека затворањето на училишта не е популарна одлука но и убедена дека е единствената во интерес на децата.

Темата за демографијата и денеска доминира на политичката сцена. За СДСМ очекувано, виновна е Владата..

„Македонија губи првачиња, училиштата се празнат, паралелките исчезнуваат, ја губиме иднината. Поради лошата економска состојба, иселувањето, блолкирањето на европскиот пат, Македонија губи млади, губи работна сила.

Изолацијата којашто Владата на Мицкоски ја спроведува ги брка  младите.“ – велат од СДСМ во соопштение утрово.

Да им порачаш на шестгодишни првачиња „да си побараат братче или сестриче за да се отвореле затворените училишта“ значи или дека воопшто не размислуваш пред да им се обратиш на децата, или дека си толку занесен од функцијата што веќе не ти е грижа за нивната емоционална состојба , поарчаа од ЛДП.

“Дали министерката помисли на децата чии родители се разведени? На децата на кои само едниот родител им е жив? На децата чии родители со години водат тешки битки со инфертилитет и не можат да имаат повеќе деца?“ – се вели во партиското сооштение.

ЛДП изгледа заборави дека по иницијатива на нивниот тогашен Претседател Андреј Жерновски Уставен го укина законот за помош за трето и четврто дете, вратија од ВМРО-ДПМНЕ.

Свој предлог за подобра демографија изнесе и Левица.

Во првите 6 месеци од оваа година се родиле нешто повеќе од 7.000 деца што е за 200 помалку од истиот период минатата година.