Македонија
3. September 2026 - 12:23

Избран изведувач за затворање на депонијата Буково

Започна постапката за изработка на проект за затворање на депонијата Буково и понатамошна санација која со години претставува сериозен проблем за охридскиот регион. На јавен тендер е обезбедена фирма којашто ќе изготви урбанистички проект, а следната недела треба да се спроведе истражување за да се направат потребните анализи.

Во меѓувреме Јавното комунално претпријатие прави напори за стабилизирање на состојбата на депонијата. Директорот Најдески посочи дека уште од 2022 година се преземаат чекори за обезбедување на земја за покривање на жариштата на депонијата бидејќи постојано се соочуваат со пожари.

Депонијата Буково која години наназад се пали и загадува е рак рана за охриѓани но и една од препораките на Унеско од локалната најавија дека општината во континуитет презема активности поврзани со депонијата.