Loading Video...
Свет
14. July 2026 - 16:28

Преглед на вестите од светот

Во битката за целосна контрола на пловидбата низ  Ормутскиот теснец, САД и Иран разменија нови напади и провокативни изјави. ТРамп објави дека повторно воведуваат поморска блоакда на иранските пристаништа  и најави дека Соединетите држави ќе ја преземат целосната контрола врз Ормутксиот теснец и ќе наплаќаат  20 проценти од вредноста на товарот за сите бродови што транзитираат низ Теснец, со образложение дека така ќе се покријат трошоците за обезбедување на безбедна пловидба.

Техеран ќе го брани теснецот и нема да дозволи странско мешање во управувањето со овој витален коридор порака  иранската воена команда.

„Во согласност со нашите претходни предупредувања, под никакви услови не дозволуваме, и нема да дозволиме САД да се мешаат во управувањето на Ормускиот теснец“, посочи Ебрахим Золфагари, портпарол на Генералштабот на Револуционерната Гарда.

Американската Централна команда соопшти дека во текот на ноќта нападнале   цели на иранската морнарица и  Револуциоената гарда со цел да ги ограничат способностите  на Иранците поворно целосно да го затвроат  еден од најважните светски енергетски коридори. Како одоговор на американските наапди, Исламската револуционерна гарда соопшти дека  рано утрово  нападнала два танкера  под знамето на Обединетите Арапски Емирати, кои пловеле во теснецот по недозвоелени  рути   но и американски воени бази во Бахреин и Јордан.

Украина продолжаува со дронови да ги  напаѓа  руските енергетски   капацитети. Во текот на ноќта таргетиран  објектот на Газпром во Башкортостан, Нефтехим Салават, еден од најголемите петрохемиски комплекси во Русија. Објектот  се наоѓа на повеќе од 1400 километри од украинската граница.Киев енергетските објакети во Русија ги смета за легитмни воени цели, со образложение дека тие обебздуваат гориво и финансиски средства за руските воени операции.   ШЕфот на Кремљ, Путин изјави дека  Москва ќе одговори на украинските напади на нејзина територија со одмазднички напади кои ќе бидат „неколку пати помоќни“, додавајќи дека обемот на таквите одговори ќе се зголеми.

  • „Тие создаваат моментални проблеми со нафтените производи, но ситуацијата ќе се подобри со текот на времето. Нашите одговори секогаш ќе бидат симетрични. Каде и да се обидат да нападнат руска територија, ние ќе одговориме симетрично, само неколку пати помоќно. Непријателот ќе го почувствува тоа, веќе го чувствува, се надевам и ќе продолжи да го чувствува во сè поголем обем, изјави Владимит Путин, претседател на Русија.