Loading Video...
Свет
21. јуни 2026 - 16:34

Преглед на вестите од светот

Прва директна средба помеѓу делегациите  на САД и Иран со посредникот Пакистан по потпишувањето на  рамковниот договор  за прекин на конфликтот    кој во наредните 60 дена треба да ги реши отворените прашања помеѓу Вашингтон и Техеран.  Во иранскиот тим се  претседатаелот  на парламентот Галибаф, министерот за надворешни работи Абас Арагчи и гувренерот на Централната банка Хемати. Во американската делегација се  потпретседателот Венс и специјалните пратеници  Виктов и Кушнер. ВЕнс се надева дека на дешените раговори во Шварација ќе биде  поситгнат напредок по нукеларното прашање и праашњето за прекинот на огнот  во Либан.

  • Се надеваме дека ќе постигнеме напредок во нуклеарното прашање, ќе постигнеме напредок во прашањето за прекин на огнот во Либан. Ова се двете големи работи на кои нашите луѓе се навистина фокусирани и од Иранците зависи и нивните прашања да бидат дискутирани. :

„Господине, борбите во Либан се чини дека го загрозуваат целиот процес, што би можеле да објасните за тоа?“

 Големиот проблем е што некој ќе пука, а потоа некој ќе одговори и имате еден вид проблем со кокошката и јајцето, каде што едноставно треба да престанете со пукањето доволно долго за да видите како се одржува прекинот на огнот. Тоа е она што се обидуваме да го направиме, па затоа продолжуваме да работиме на тоа и работите се подобрија.“

Од министесртвото за надворшени работи на Иран потенцираа  дека ќе извршат притисок за спроведување на обрвските од страна на Вашингтотн, а во спротивно,  договорот  како целина ќе биде поткопан.

„Па, обврските се многу јасни. Член 1 од меморандумот за разбирање е најважниот дел од меѓусебните обврски на страните, имено прекинување на војната на сите фронтови, вклучително и во Либан. Ние се придржувавме до нашите обврски. Другата страна беше должна да ги принуди оние под нејзино влијание - поточно ционистичкиот режим - да прекинат со огнот во Либан. Во овој поглед, видовме дека тие не ги исполнија своите обврски, а тоа претставува јасно кршење на договорот за прекин на огнот.“ Есмаил Багнеи, портпарол на МНР на Иран.

Израелскиот премеир Нетањаху во  меѓувреме изјави  дека наредил на израелската војска   да  претстане со воените дејствја во Либан, но  нагласи дека војската  ќе остане во јужен Либан, и покрај барањата од Белата куќа за нивно повлекување

Повеќе од 120 пожарникари и волонтери со 35 противпожарни возила се ангажирани во гаснењето на шумскиот пожар што од вчера беснее  на  грчкиот остров   Евија .. Во гаснењето  вклучени се и осум авиони и хеликоптери. Грќчките власти издадоа   е предупредување за евакуација на жителите од двете области околу местото Стира.   За утре издадено е предупредување за висок ризик од пожари во повеќе области, вклучувајќи ја Атика, Коринт, Арголид и Крит.