Loading Video...
Свет
22. November 2023 - 16:34

Преглед на вестите од светот

Од утре почнува четирдневна пауза  во борбите помегу Изарел и Хамас и ослободување на заложници и и затвореници. . Завојуваните страни  се дговорија  за четиридневно примирије  и во тој период  Хамас треба да ослободи  50 од околу 240 заложници кои ги држи во Газа од 7 октомври во замена за ослободување на 150 палестински жени и тинејџери  во израелските затвори. Договорот, исто така, ќе дозволи 200 камиони кои превезуваат хуманитарна помош, четири цистерни со гориво и четири камиони што пренесуваат гас да влезат во појасот Газа преку египетскиот премин Рафах во секој од четирите дена. Израелските војници и тенкови  ке останат на своите позиции на територијата на појасот Газа додека трае паузата а во изјавата на Хамас се додава дека израелските сили нема да нападнат никого  или  уапсат. Може да бидат ослободени уште 150 Палестинци - како и уште 50 заложници од Газа - по првичната четиридневна пауза. И Израел и Хамас порачаа дека  ова е не е крајот на војната. Премиерот на Катар кој  беше посредник во преговарачкиот процес изјави дека се надева дека договорот  ке го отвори патот за крај на војната. Примирјето утрово го поздравија   Европската Унија, ОН   како и генералниот секретар на НАТО Јенес Стотенберг кој од Македонија  порача дека очекува да се засили хуманитарната помош.. Доколу паузата  биде успешна, тоа ке биде прв прекин во борбите од 7 октомври.  Изиарелската армија објвија  дека ке напагаат цели на Хамас  од воздух и копно до почетокот на примирјето.

Во Холандија се оддржуваат предвремени парламнетарни  избори . Земјата  ќе го добие својот прв нов премиер по повеќе од една деценија откако Марк Руте поднесе оставка во јули кога пропадна неговата четврта коалициска влада, завршувајќи го 13-годишниот мандат.  Се очекува во новиот состав на холандскиот Парламент пратенички места да обезбедат 15 или 16 партии што значи дека Холандија речиси извесно ќе биде предводена од комплексна коалиција на различни политички актери.. Според анкетите, најмногу гласови се очекува да освои конзервативно-либералната Народна партија за слобода и демократија  на  МАрк  Руте, со која сега раководи Дилан Зегериус.