Преглед на вестите од светот
Морнарицата на Иранската револуционерна гарда отвори оган кон три трговски бродови да поминат низ Ормускиот теснец, поради како што соопшти не се одзвале на нејзините наредби да застанат. Два од бродовите се заплените и се префрлени на иранските бреговори.
Морските сили на Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопштија дека, како дел од нивното „паметно следење“ на Ормутскиот теснец, претходно денес пресретнале два брода идентификувани како MSC Francesca, наводно поврзан со Израел, и Epaminondas, кој го опишале како неусогласен брод.
Според соопштението, бродовите се обидувале да го напуштат теснецот без овластување, извршиле повеќекратни прекршувања, се мешале во системите за поддршка на навигацијата и ја загрозиле поморската безбедност. ИРГЦ соопшти дека бродовите биле идентификувани преку разузнавачки надзор и биле запрени во Ормутскиот теснец во потрага по правата на иранската нација.
Првиот инцидент во Теснецот се случи рано утрово, само неколку часа откако Трамп, на Трут Соушл објави дека еднострано го продолжува примирјето со Иран на барање на пакистанските медијатори.
-Побарано е да го одложиме нашиот напад врз Иран сè додека нивните лидери и претставници не излезат со заеднички предлог. Затоа ѝ наредив на нашата војска да ја продолжи блокадата и да остане подготвена. Со тоа, ќе го продолжам и примирјето сè додека не биде доставен нивниот предлог и разговорите не завршат, на еден или друг начин“, објави Доналд Трамп, претседател на САД.
Иран смета дека американската блокада на иранските пристаништа претставува директно кршење на примирјето и е клучна клучна пречка за какви било понатамошни разговори.
Оттука, останува неизвесно дали и коѓа ке продолжат преговорите помегу САД и Иран или војната повторно ќе се разгори.
Амбасадорите на земјите од Европската Унија денес одобрија исплата на заем од 90 милијарди евра за Украина, откако Унгарија го повлече ветото, соопшти кипарското претседателство со Советот на Европската Унија, а конечната потврда од земјите-членки се очекува наскоро.
Пречката беше отстранета откако Украина објави дека го поправила гасоводот „Дружба“ и ги обновила тековите на руска нафта кон Унгарија и Словачка, што беше главното барање на унгарскиот премиер за да се откаже од ветото.
Нафтоводот беше оштетен во руски напад со беспилотни летала во јануари 2026 година.
Пакетот од 90 милијарди евра е дизајниран да ја обезбеди финансиската ликвидност на Украина во текот на 2026 и 2027 година. 60 милијарди евра од средствата се наменети за одбранбени трошоци и засилување на воените капацитети. А 30 милијарди евра се предвидени за поддршка на државниот буџет и основните јавни услуги.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
