Loading Video...
Свет
21. November 2023 - 16:59

Преглед на вестите од светот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека е постигнат напредок во ослободувањето на заложниците кои ги држат милитантите на Хамас во Појасот Газа од 7 октомври.

- Се надевам на добри вести за брзо време реле Нетанјаху на состанокот со резервните трупи во јужен Израел, но не откри повеќе детали.

Утрово лидерот на палестинската милитанта група Хамас, Исмаил Ханије објасни дека Хамас му нуди на Тел Авив ослободување на голем број израелски заложници, вклучително и странски државјани, во замена за повеќедневно примирје, увоз на гориво и храна во Газа и ослободување на огрнаичен број палестински затвореници, жени и деца од израелските затвори. Ханије соопшти дека има напредок во разговорите.

Сооопшти и дека кога ке биде постигнат  конечен догвор со Израел, веста ќе ја објави Катар, кој е посредник во преговарачкиот процес. Според изарелските податоци, Хамас заробоил најамлку 242 израелци и странци. 

Бразил ја забележа својата највисока температура досега- 44,8 степени Целзиусови. Рекордот  беше постигнат во неделата во градот Арасуаи, во југоисточната бразилска држава Минас Жараис. Претходниот рекорд од 44,7 степени Целзиусови беше измерен во 2005 година. Поради горештините, ширум Бразил е на сила црвена тревога а потрошувачката на енергија се искачи на рекордно ниво. Инаку за еден месец почнува летото на јужна хемисфера. 

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и германскиот мнистер за одбрана Борис Писториус се во посета на Украина на  десетгодишнината од почетокот на тримесечните протести на плоштадот Мајдан, во Киев со кои беше соборен прорускиот преседател Виктор Јанукович.

Протестите избувнаа откако под притисокот на Москва Јанукович во последен момент одби да го потпише договорот за пристапот на Украина кон ЕУ. Гостите, владини претставници, учесници на протестите на Мајдан како и обични граѓани присуствуваа на церемонијата во Киев и положија цвеќе на споменикот посветен на околу 100 демонстранти кои загинаа во судирите со полицијата за време на протестите. 

Во 2014 година, Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим и го организираше избувнувањето на конфлктот во Источна Украина предводен од проруските сепаратисти, а во 2022 година руската армија почна да ја напаѓа Украина и војната трае се уште.

- Нема да дозволиме да ни ја одземат слободата. Мајдан беше првата победа во војната против рускиот окупатор, порача украинскиот претседател. А  Германскиот министер за одбрана најави нов воен пакет помош за Украина.