Преглед на вестите од светот
Украинскиот претседател Зеленски побара меѓународна истрага која би ги разјаснила околностите за падот на рускиот воен авион кој, како што објави Русија, пренесувал 65 украински воени заробеници.
Леталото од типот Иљушин се урна вчера во рускиот регион Белгород, во близина на украинската граница а според руските власти загинале сите 65 заробеници, шесте членови на екипажот и тројца руски војници.Русија ја обвини Украина дека намерно го соборила леталото и покрај тоа што била известена дека транспортира украински воени заробеници, кои требало да бидат дел од последната размена на заробеници помеѓу двете страни.
Украинското воено разузнавање демантира дека биле известени од Москва, кој се наога во авионот. ЈАсно е дека Москва си игра со со животите на украинските воени заробеници порача Зеленски, но не ја потврди верзјата на Москва според која украински заробеници се наоѓале во паднатиот авион и сега се мртви. Првичното соопштение на украинскиот генералштаб беше дека урнале руски авион кој транспортирал ракети за противвоздушните системи С-300. Шефот на руската дипломатија, побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, која според најавите ќе се одржи вечерва.
Израелската армија објави дека спроведува голема офанзива во областа на Кан Јунис во појасот Газа. Истовремено, израелската влада најави дека нема да има прекин на огнот додека не бидат ослободени сите заложници во Појасот Газа и не биде целосно уништена палестинската група Хамас.
Од друга страна, Министерството за здравство во Газа, кое го води Хамас, известува за 25.700 убиени Палестинци од 7-ми октомври. Светската здравствена организација тврди дека Израел продолжува да ги таргетира здравствените установи низ Газа.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
