Loading Video...
Свет
23. January 2024 - 19:48

Преглед на вестите од светот

Евакуирани тројца македонски државјани од Газа, Израел објави дека 24 војници биле убиени во Газа за еден ден

Тројца македонски државјани кои побарале асистенција за нивна евкауција од појасот Газа, безбедно ја напуштиле палестинската енклава во текот на вчерашниот ден информира македонското министерство за надворешни работи. Од МНР велат дека се работи за мајка со две деца кои претходно не сакале да да  заминат од Газа. По привремениот престој во Каиро, семејството ќе биде упатено кон дома.Тие се последните наши граѓани кои стапија во контакт со нашите дипломатски конзуларни претставништва во Каиро и Тел Авив и побараа да им се обезбеди асистенција при евакуацијата, се наведува во соопштението на МНР.  Израелксата воздушна и копнена операција во Газа продолжува. 24 изрелски војници беа убиени вчера во Газа, што го прави најсмртоносниот ден за нашите сили од почетокот на копнена операција изјави премиерот Нетањаху.

„Вчера доживеавме еден од нашите најтешки денови откако избувна војната„Во името на нашите херои, заради нашите животи, нема да престанеме да се бориме  против Хамас до апсолутна победа“, истакна Нетањаху.

Според портпаролот на израелската војска Даниел Хаагри, 21 војник загинал кога две згради, во кои биле поставени мини, се урнале кога екстремистите испукале гранати врз тенк во близина. Тројца други израелски војници загинаа во одделен напад додаде Хагари. Хамас пак соопшти дека во вчерашните изарелски операции биле убиени над 150 палестинци. ОН предупредија дека во Газа  570. 000 луѓе гладуваат  и го повикаа Израел да  пркеине да ја блокира  испораката на хуманитрана помош.

 

Руски ракети ги погодија Киев и Харков, загинаа најмалку шест лица

Шест лица загинаа, а над 60 се ранети во руски ракетни напади врз украинскиот главен град Киев и вториот по големина град Харков утрово, изјави украинскиот претседател. Зеленски изјави дека во нападите биле погодени цивилни објекти, при што во Харков загинале пет  а во Киев едно лице. Руските наапди уследија ден по посетата на новиот полски премиер Доналд Туск на Киев, кој порача дека Полска ќе продолжи да ја поддржува Украина, при што најави и нов пакет воена помош.

 

САД и Велика Британија повторно извршија напади врз Хутите во Јемен

САД и Велика Британија извршија нови заеднички напади врз цели на хутите во Јемен, додека бутновничката група продолжува да цели на комерцијални бродови во Црвеното море.  Мети на американско –британските напади биле подзмено скалдиште на Хутити и лоакции позврани со ракетен и воздушен надзор.

-Откако последен пат презедовме акција пред десет дена, имаше над 12 напади врз бродовите од страна на Хутите во Црвеното Море. Овие напади се нелегални, се неприфатливи и она што го направивме, повторно, е да испратиме најјасна можна порака дека ние ќе продолжи да ја ослабуваме  нивната способност да ги извршуваат овие напади , истакна  британскиот министер за надворешни, Дејвид Камерон.

Хутите, поддржани од Иран велат дека напаѓаат бродови поврзани со Израел и Западот, како одговор на израелската војна во Газа.