Македонија
30. јуни 2023 - 16:36
Предвремени избори единствен услов на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски очекува на поддршка за уставни измени
Откако Мицкоски се повлече од секакви разговори за уставните измени, Премиерот не е изненаден, не се откажува, но и не кажува кога уставните амандамни ќе се најдат во Собранието.
И натаму никој не знае кога Владата ќе ги извади од фиока уставните амандмани кои таму фаќаат прашина веќе месец дена
Вчера опозицискиот лидер во телевизиско гостување рече дека двете понуди од последната лидерска средба веќе не се во игра. На премиерот му порача дека во моментов, единствен излез од ситуацијата се предвремени парламентарни избори.
И од партијата денеска го повторија веќепознатиот став дека уставните измени под како што велат бугарски диктат нема да има.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
