Пратениците дадоа зелено светло за двата клучни патокази од преговорите со ЕУ
Пратениците дадоа согласност на Владата да ги спроведе двата патоказа: едниот за рефоми во владеење на правотото, другиот за реформи во јавната администрација, а кои се услов за отворање на првиот кластер – фундаменти од преговорите со Европската унија. Се работи за два стратешки документи што до 2030 година треба да ги подобрат сосотојбите во правосудствотото и бробата против корупцијата, а ќе ја зголемат и ефикасноста на службениците.
Од власта задоволни што предвидела Владата за правосудството, но ја потсетија и опозицијата дека предуслов за да се отворат поглавјата се уставните измени.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак, со критика дека во патоказите нема суштински реформи. Државата е најлоша во делот на корупцијата, велат тие.
Со критика и бизнис секторот. Велат реформите се само на хартија, а имплементацијата е лоша со децении.
Патоказите се разгледуваа заеднички од Комисијата за европски прашања предводена од власта и Националниот совет за евроинтеграција предводен од опозицијата.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
