Пожарникари се борат со голем шумски пожар на хрватскиот остров Брач

Голем шумски пожар избувна ноќеска на хрватскиот остров Брач, а противпожарните сили и денеска се борат со огнената стихија, јави Хрватската радиотелевизија (ХРТ).
Околу полноќ, пожарникарите добиле пријава за пожар во густа борова шума кај селото Ново Село. На терен се распоредени 43 пожарникари со 15 противпожарни возила, а утрово во гаснењето се вклучи и авион „Канадер“.
Досега изгореле околу седум хектари борова шума и ниска вегетација. Силен ветер го шири огнот и ги отежнува напорите на пожарникарите.
– Ситуацијата е задоволителна, иако сè уште не можеме да потврдиме целосна контрола, бидејќи продолжува да дува ветер, а теренот е тешко пристапен, особено на северната страна. Се надеваме дека времето ќе биде на страната на пожарникарите и дека наскоро ќе го ставиме пожарот под контрола, изјави претседателот на Доброволното противпожарно друштво на Брач, Тино Штамбук.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
-

Сејф Сити во секој град до крајот на годината
-

Струјата нема да поскапи, се разгледува опцијата за пониско ДДВ кај храната
-

Стартува ИНТЕРДЕЈ – струја ќе се купува по пазарни цени, истиот ден, а не ден претходно
-

Дигитализацијата и подмладокот предизвици за сметководствената професија
