Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице повредено

Едно лице се здобило со минимални изгореници во пожарот што денеска избувнал помеѓу селата Долани и Љуботен, во Општина Штип, информираат од Центарот за управување со кризи. Екипата на Итната медицинска помош веднаш интервенирала и на лицето му била укажана соодветна медицинска помош. Според досегашните информации, нема други повредени лица.
По пријавата за пожар во во атарот на селото Долани, Општина Штип Територијалната противпожарна единица - Штип веднаш интервенирала со две екипи.
Пожарот избувнал помеѓу селата Долани и Љуботен. Од страната кон селото Долани, со помош на трактори биле изорани заштитни појаси, по што огнот бил ставен под контрола и изгаснат, без опасност од негово ширење кон населеното место.
Во моментов, пожарот се шири во правец кон селото Љуботен, каде што гори сува трева, нискостеблеста и борова шума.
Во гаснењето и локализирањето на пожарот ангажирани се едно противпожарно возило, три противпожарни џипови и 10 пожарникари, една работна машина (скип) од ЈП „Стипион“ – Штип, четири трактори, како и екипи на полицијата и Итната медицинска помош, информираат од ЦУК.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
